матурира (св. и несв.)
Не можеше да добие диплома, да матурира; на разговорот со директорот беше дрзок, и на овој му попуштија нервите, оти во есејот Лудвик беше направил некои неумесни асоцијации и за него, и за неверството на неговата прва жена.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Не му стоев на патот: за мене животот беше веќе одамна изминат, некаде меѓу моето матурирање и заминувањето на Јан.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
НИКОЛА КИРКОВ е роден во 1920 година во Велес, матурирал во Велес а студирал право во Белград и Скопје.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Постарата ќерка Блерина беше подготвена за да ја оставиме со Бешир во блиската француска гимназија Карно во Ла Мараса, во која некогаш матурирал Бургиба.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Затоа се вработила многу брзо откако матурирала во Машката гимназија, како што тогаш ја нарекувале гимназијата „Цветан Димов“.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Дипломираше гонет од обврските што ги носи семејството, возеше количка со бебе, додека да матурира невестата, па заедно туркаа мало „точаче“, па тројцата возеа велосипеди... па станаа четворица.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
На пример, дека божем учел во Софија и во Пловдив, но таму било тешко да се матурира, па поради тоа дошол во Солун на 19 март.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)